ipt>

За нас

За компанијата:
Компанијата МЕТЕО24 СОФТ ДООЕЛ е формирана во 2021 година со цел да одговори на потребите на фармерите за квалитетни и навремени информации за адекватни и навремени земјоделски постапки за заштита на растенијата, наводнување и други агро-технички мерки.
За проектот:
Потпомогнати од ФИТР беше изработен проектот – Систем за автоматизирано земјоделско производство на храна во затворен простор базирано на IoT технологии, кое претставува имплементација на паметен автоматизиран систем за следење и автоматизација на производството на земјоделско производи во затворен простор, кој вклучува прибирање на податоци во реално време, процесирање и анализи на истите, како и технологии за автоматизација, со користење на IoT во постапките при одгледување во затворен простор. Главната цел на проектот е: да се направи иновативно решение – Систем за автоматизирано земјоделско производство на храна во затворен простор базирано на IoT технологии во соработка со стручни лица професори на Земјоделски факултет, за да се направи иновативно решение преку иновативни алгоритми, развој на хардвер и софтвер, со што би се добил комерцијален производ кој би се пласирал на домашни и надворешни пазари. Преку реализација на проектот и соработката со факултетите и научните институции ќе ги оствариме и целите за едукација, зголемување на техничките знаења. Истовремено ќе се отвори можност за нови работни места за кои е неопходно познавање на новите технологии, со што би се овозможило реализација на дополнителни придобивки, кои се од севкупен (индустриски, економски и општествен) интерес, како поврзување на стопанството со науката.
Галерија:

Верзија 1.0